ЈП Комунална хигиена ги едуцираше жителите на Центар како соодветно да постапуваат со отпадот

Во текот на денешниот ден, ЈП „Комунална хигиена“- Скопје реализираше едукативно-
информативни активности со граѓаните од скопската општина Центар. Приближно
стотина граѓани беа информирани дека несовесното одлагање на комуналниот,
кабастиот и градежниот отпад доведува до создавање диви депонии и загадување на
животната средина.

Како што информираат од претпријатието, со граѓаните од оваа скопска општина било разговарано и за актуелните проблеми со коишто се соочуваат екипите на Претпријатието, како што е паркирањето на
приватните автомобили во непосредна близина на контејнерите, со што се блокира
пристапот на специјалните комунални возила и се оневозможува собирањето и
транспортот на комуналниот отпад, како и одлагањето на отпадот на платформите на
подземните контејнери.

Очекувањата на  ЈП „Комунална хигиена“ се, едукативно-информативните активности да
резултираат со намалено прекршување на Законот за јавна чистота, што ќе придонесе и за
почиста животна околина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот