ЈП Дрисла се соочува со казна од 120 илјади евра и 6 илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

Депонија Дрисла / Фото: ,,Слободен печат'' / Методиј Здравев

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против правното лице ЈПДКО Дрисла Скопје и против управителот, пред Основниот кривичен суд во Скопје поради одбивање на потпишување на Записникот за спогодба од страна на директорот на Јавно претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла Скопје, по извршениот вонреден надзор.

Изречената казна следува по вонредниот надзор на Инспекторатот на 04.09.2023 година, по дојава на граѓани од селото Батинци, за загадување на Маркова река во претпладневните часови.

Фото: Принскрин/Фејсбук

При вонредниот надзор, визуелно е утврдено дека има загадување на Маркова река со темно кафеава течност, но при надзорот не е почувствуван некаков мирис.

Според ДИЖС, истиот ден од страна на акредитирана лабораторија за животна средина ЕУРОМАК КОНТРОЛ Скопје земени се мостри од три места за анализа на водите од Маркова река, како и една дополнителна мостра доставена од граѓани од Батинци.

Наодите од визуелниот надзор и резултатите од акредитираната лабораторија која анализираше земени мостри, утврдија концентрации на загадувачки супстанци над дозволените гранични вредности и истите потекнуваат од исцедокот од депонијата.

Заштитата на животната средина е еден од врвните приоритети на Владата на Република Северна Македонија и ја поддржуваме секоја акција во насока на заштита на природата и животите на нашите граѓани. Наша цврста определба е примена на европските стандарди во сите сфери на општеството, вклучувајќи ја и животната средина, за што сведочи и нашето делување со конкретни активности во правец на овозможување на чиста животна средина и зачувување на природниот екосистем. „Слободен печат“ од самиот почеток ги следеше случвањата со Дрисла и Маркова река. Жителите од селото тврдеа дека постојано се испушта вода од депонијата во реката и дека постојано има загадување.

ВИДЕО: Густ чад над Дрисла

ВИДЕО | Жители на Батинци тврдат: од 100 куќи, 24 мртви и девет заболени од карцином за неколку години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот