Јовановски: Фаворити против Фарски Острови, но треба да бидеме внимателни!

фото: ffm.mk

Младата македонска репрезентацуха ги заврши подготовките во Скопје и утре наутро патува за Фарски Острови за натпреварот од шестото коло од квалификациската група за пласман на Европското првенство. По несреќниот пораз од Шпанија на Националната арена кога примивме гол од пенал (0:1), а ние не реализиравме удар од единаесет метри, фудбалерите на Благоја Милевски со измешани чувства.

Ѓоре Јовановски, еден од нашите најтрофејни тренери и поранешен селектор на А репрезентацијата на Македонија, вели дека фудбалерите од селекцијата до 21 година заслужуваат само честитки за прикажаната игра против Шпанија и за односот кои го покажаа кон репрезентативниот дрес.

Несреќен пораз за младите фудбалери: Митровски промаши пенал за бод против европскиот шампион

Кога од секој агол ќе анализира натпреварот, ние можеме да бидеме само горди на прикажаното од наша страна. Ова го велам и од стручен аспект, но тоа го потврдуваат и луѓе кои фудбалот го следат на поинаков начин или единствено како гледачи.

Фудбалерите на Милевски заслужуваат честитки пред сѐ заради односот кон играта, тактичката зрелост и безусловното држење до инструкциите од стручниот штаб. Шпанија е светска фудбалска сила и тие се посебно доминантни во младите категории, а кога на еден таков состав нема да му дозволите да создаде ниту една шанса или полуприлика за погодок, тогаш знаете дека сте завршиле голема работа. Овие момци од Македонија до 21 година имаат квалитет и сметам дека се голема перспектива на нашиот фудбал.

Психолошки, сметам дека натпреварот со Шпанија може само позитивно да влијае на фудбалерите спроти дуелот со Фарски Острови. Момците покажаа дека можат да се надигруваат со најдобрите и треба да го задржат тоа ниво. Ќе влеземе како фаворити, но треба да бидеме и внимателни. Немам сомнение дека селекторот ќе направи добра подготовка за дуелот, а играчите треба да го повторат професионализмот и односот кон играта. Мислам дека сме на вистинскиот правец и верувам во оваа репрезентација – истакна Јовановски.

Македонската репрезентација до 21 година на 8. септември од 15:00 часот по македонско време го игра натпреварот против Фарски Острови на теренот „Торшловур“ во Торшавн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот