Јончевски повеќе не е тренер на косовската Трепча

фото: kfsm.mk

По натпреварот со Сигал Приштина, тренерот Александар Јончевски си поднесе неотповиклива оставка, информираат од косовскиот кошаркарски клуб Трепча.

На последниот меч Трепча загуби убедливо од Сигал Приштина со 53:88 по што се донесе одлука за прекин на соработката со македонскиот селектор.

Трепча му се заблагодарува на Јончевски за придонесот додека беше на чело на тимот и му посакува голем успех во продолжението на кариерата. Клубот ја цени работата што ја направи со тимот, неговото професионално ниво и максималната посветеност.

Јончевски дојде да остане до крајот на првенството, но резултатите изостануваат и почувствува морална обврска да поднесе оставка.

Моментно во најсилниот кошаркарски шампионат на Косово Сигал Приштина е лидер со 31 бод, додека Трепча е на четвртата позиција со 27.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот