Јокиќ плачеше како мало дете по елиминацијата

фото: EPA-EFE/STEVE DIPAOLA

Кошаркарот на Денвер нагетс, Хуанчо Ернангомез на шпанските медиуми откри што се случуваше во соблекувалната на тимот по поразот во седмиот натпревар од плејофот од Портланд треилблејзерс. Тој за весникот „Ас“, откри дека поразот најтешко му падна на најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ.

– Како човек, тој е неверојатен. Секој ден сум со него и Никола е неверојатно скромна личност. Секој ден напорно тренира, а колку сака да победува доволно говори и податокот дека тој е единствениот што ги одигра сите натпревари за Денвер, и во регуларниот дел и во плејофот. Тој оваа сезона стана најдобар центар во НБА, беше избран во најдобрата петорка на лигата. По натпреварот со Портланд во кој Никола имаше речиси 20 скокови, во соблекувалната почна да плаче како мало дете и да се обвинува за елиминацијата. Ваквите работи покажуваат колку сака да победува и дека ќе биде подобар во секоја сезона. Никола е најголемиот талент кој сум го видел во животот – изјави Ернангомез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот