Јенс Шпан: Германија е на почетокот од епидемијата на новиот коронавирус

Појавата на пет нови случаи на коронавирус во западниот и јужниот дел на Германија, со кои инфицираните во државата стануваат околу 20, значи дека болеста влегува во нова фаза, рече министерот.

Германија е на почетокот на епидемијата на новиот коронавирус, бидејќи новите случаи на инфекција во државата не можат да се следат до првобитниот извор во Кина. Тоа го соопшти денеска на прес-конференција германскиот министер за здравство Јенс Шпанс.

Појавата на пет нови случаи на коронавирус во западниот и јужниот дел на Германија, со кои инфицираните во државата стануваат околу 20, значи дека болеста влегува во нова фаза, рече министерот.

– Синџирите (за пренесување) на инфекцијата веќе делумно не можеме да ги следиме и ова е нешто ново – рече Шпан.

Според него, голем број луѓе биле во контакт со пациенти и ова е „голема промена” во споредба со досегашните 16 пациенти, во кои „синџирот би можел да се проследи назад кон изворот во Кина”.

Министерот ги повика луѓето да не паничат, сепак, и истакна дека „не секоја кашлица е случај на коронавирус”. Според него, во болниците во Германија има доволно изолатори ако треба да бидат примени голем број на пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот