Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се координираат за ефикасно следење на изборите

Фото: Јавно обвинителство

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција одржаа средба, на која се дискутирало за зајакнување на координацијата меѓу двете институции за ефикасно следење на изборниот процес.

Како што информираа денеска од ЈО, на средбата, предводена од јавниот обвинител, Џељаљ Бајрами, и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, биле разгледани подготовките и надлежностите на секоја институција со цел да се осигура мирен и фер изборен процес. Особено внимание било посветено на механизмите за санкционирање на секакви обиди за нерегуларности.

Бајрами го истакнал значењето на Комисијата за следење на нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите, објаснувајќи го нејзиниот состав и начин на функционирање. Тој, исто така, го презентирал процесот на постапување по предметите и системот за следење на известувањата преку електронската адреса [email protected].

Димитровска ги споделила активностите на ДКСК во предизборниот период, вклучувајќи ги и напорите за следење на користењето на службените возила од страна на институциите.

За да се осигура транспарентност и одговорност, Јавното обвинителство и ДКСК ќе одржуваат директна комуникација и ќе се координираат при постапувањето по сите пријави за изборни нерегуларности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот