Јапонија ги затвора границите за странци поради новиот сој омикрон

Јапонија ковид-19
Луѓе со заштитни маски во Јапонија / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Соочена со новиот сој на коронавирусот – омикрон, Јапонија од утре ќе ги затвори границите за странци, изјави премиерот Фумио Кишида.

– Ќе забраниме секаков прием на странски државјани од целиот свет од 30 ноември, изјави Кишида.

Тој додаде дека целта е да се избегне најлошиот тек на настаните, и оти тоа е привремена мерка.

– Новите ограничувања се воведени три недели откако Јапонија укина дел од ограничувањата, дозволувајќи им на странски работници и студенти да влезат во земјата, како и на оние кои пристигнуваат на кратки деловни посети.

На Јапонците кои се враќаат од одредени земји ќе им биде дозволен влез во земјата, но ќе мора да бидат ставени во карантин, додаде премиерот.

Извор: МИА

Како коронавирусот „исчезна“ од Јапонија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот