Јужноафриканска медицинска асоцијација: Заразените со омикрон сојот не се сериозни случаи

патување за време на ковид
Патување за време на ковид / Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Луѓето во Јужна Африка кои се заразиле со омикрон сојот на коронавирус не се сериозно болни смета Јужноафриканската медицинска асоцијација (САМА), пренесе ДПА.

-Досега откриените случаи во Јужна Африка не се сериозни, изјави за Би-Би-Си, Анџелик Кетзи, која претседава со Јужноафриканската медицинска асоцијација.

Меѓутоа, рече таа, истражувањето на новата варијанта на вирусот е сè уште во многу рана фаза, додавајќи дека само 24 отсто од луѓето во земјата се целосно вакцинирани.

-Пациентите најмногу се жалат на болки во телото и замор, на екстремен замор, и тоа го гледаме кај помладата генерација, а не кај постарите, рече таа.

Кетзи додаде дека тоа не биле пациенти кои директно се примени во болница.

Меѓутоа, во коментари за други медиуми таа изрази загриженост дека новиот сој може да се појави кај постари луѓе со основните проблеми за нив, како што се срцевите заболувања или дијабетес, пренесе ДПА.

-Симптомите на новата варијанта се невообичаени, но благи, рече таа, додавајќи дека прво била предупредена за можноста за нова варијанта кога пациентите со невообичаени симптоми за Ковид-19 дошле во нејзината ординација во Преторија на почетокот на ноември, жалејќи се на силен замор.

Кетзи наводно е првата јужноафриканска лекарка која на 18 ноември ги предупредила здравствените властите за пациенти со нов сој на коронавирусот.

СЗО новиот сој го класифицира како „загрижувачка варијанта”.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ако Кина ги следи западните пристапи, ќе ја разгори епидемијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот