ИСТРАЖУВАЊЕ: Ако Кина ги следи западните пристапи, ќе ја разгори епидемијата

кина ковид-19
Спавување со ковид-19 во Кина / Фото: EPA-EFE/GENO ZHOU CHINA OUT

Кина би можела да се соочи со повеќе од 630.000 дневни случаи на инфекција со ковид-19 доколку се откаже од политиката на нулта толеранција со укинување на патните ограничувања и да се приклучи кон западните пристапи, покажува истражување на математичари од Универзитетот во Пекинг.

Во извештајот што Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, објавен во „China CDC Weekly”,  математичарите соопштуваат дека Кина не може да си дозволи да ги укине ограничувањата за патување без поефикасни вакцини или специфични третмани.

„Нашите резултати јасно предупредија дека, засега, не сме подготвени да прифатиме отворени стратегии засновани на хипотезата на имунитетот на стадо, предизвикана само со вакцинацијата, што ја заговараат одредени западни земји”, се наведува во извештајот.

Математичарите предупредуваат дека нивните проценки се темелат на основни аритметички пресметки и дека се потребни пософистицирани модели за проучување на еволуцијата на пандемијата доколку се укинат ограничувањата за патување.

На пример, доколку Кина би ја усвоила стратегијата кон пандемијата на САД, дневниот број на нови случаи би достигнал најмалку 637.155, се наведува во извештајот. Доколку го применеше истиот пристап како во Велика Британија, дневниот број на случаи ќе достигнеше 275.793, а доколку ја следеше Франција ќе имаше по 454.198 пациенти дневно, се додава во извештајот на математичарите од Универзитетот во Пакинг.

Кина од самиот почеток на пандемијата води здравствена политика на нулта толеранција кон ковид-19, наведувајќи дека важноста на сузбивањето на локалните случаи, кога ќе се откријат, го надминува нарушувањето предизвикано од напорите за пронаоѓање, изолирање и лекување на заразените. Кина вчера соопшти дека регистрирала 23 нови потврдени случаи на коронавирус, што е помалку во однос на 25 дена порано, соопшти денеска Кинеското Министерство за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот