Како коронавирусот „исчезна“ од Јапонија?

Ковид Јапонија
Јапонија/ Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Петтиот бран на коронавирусот во Јапонија буквално исчезна на толку драматичен начин што научниците останаа целосно збунети. Еден тим на научници сугерира дека многу заразната делта варијанта на коронавирусот мутирала до исчезнување во таа островска држава.

Во средината на август, имало голем пораст на случаите со коронавирусот во Јапонија, со повеќе од 23.000 нови инфекции дневно. Во моментов, тие дневни бројки се намалени на само 170 случаи на нови инфекции, а смртните случаи од таа болест паднаа на едноцифрена бројка во ноември, пишува РТ.

Драстичниот пад на бројот на нови инфекции и смртни случаи главно се припишува на многу високата стапка на вакцинација, јавното прифаќање на носењето маски и други епидемиолошки фактори. Но, некои научници сè уште веруваат дека овој пад е единствен во светот.

Неверојатна среќа?

Изури Инуе од Јапонскиот национален институт за генетика, верува дека Јапонија имала среќа и сведочела дека делта сојот во голема мера ги искоренил другите варијанти на вирусот.

Инуе и неговите колеги веќе некое време ги проучуваат мутациите на вирусот САРС-КоВ-2 и како тие се засегнати од протеинот нсп14, кој е клучен за репликација на вирусот.

РНК вирусите, како и новиот коронавирус, обично имаат многу високи нивоа на мутации, што им помага брзо да се прилагодат на промените во околината. Но, ја отвора и можноста за таканаречена „катастрофална грешка“, односно кога ќе се акумулираат лоши мутации и на крајот ќе предизвикаат изумирање на одредена варијанта. Се чини дека наведениот протеин нсп14 дава преглед на грешките на некој начин и на тој начин му помага на геномот на вирусот да остане под прагот на катастрофалната грешка.

Во случајот со јапонскиот петти бран на коронавирус, Инуе верува дека делта сојот не успеал во таа задача, имајќи ја предвид генетската студија на примероците собрани помеѓу јуни и октомври оваа година.

Недостаток на генетска разновидност

Спротивно на очекувањата на неговиот тим, во примероците беше забележан недостаток на генетска разновидност, додека многу примероци имаа генетски промени во областа наречена A394В, која е поврзана со протеинот нсп14.

Буквално бевме шокирани кога дознавме. Делта варијантата беше исклучително пренослива во Јапонија и ги замени сите други варијанти. Но, како што се акумулираа мутациите, веруваме дека со текот на времето тој стана дефектен вирус кој повеќе не можеше да се реплицира, објасни Инуе на споменатиот јапонски дневен весник.

Оваа теорија може да биде релевантна и за претходниот вид на САРС, кој бил пронајден во 2003 година, и да понуди објаснување зошто не се развил во пандемија. Но, тоа исто така би било тешко да се потврди бидејќи пробивот заврши релативно брзо, поради што генетските податоци потребни за тестирање на оваа теорија на тој вид не се масовно собрани.

Останува нејасно зошто Јапонија имаше толку среќни околности бидејќи ништо слично на новиот коронавирус не се случи во другите источноазиски земји, како што е, на пример, Јужна Кореја, чие население е генетски блиску до она во Јапонија. Но, мутациите на вирусот откриен од Инуе и неговите колеги се откриени во најмалку 24 други држави.

Доколку се потврди оваа теорија, тоа во најдобар случај значи пауза за јапонското население, бидејќи со текот на времето ќе најдат други, поуспешни варијанти на таа земја, иако Инуе смета дека сегашните епидемиолошки мерки би можеле значително да го одложат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот