Јапонците не сакаат да се организираат Олимписките игри!?

Повеќе од 70 проценти од Јапонците гласаа против одржување на Летните Олимписки игри во Токио следното лето. 36,4 проценти од нив сметаат дека треба повторно да бидат одложени, а 33,7 проценти дека треба да бидат откажани, според резултатите од анкетата на агенцијата „Кјодо њуз“.

Само 23,9 проценти од луѓето во Јапонија изјавиле дека Олимпијадата која требаше да се одржи летово, треба да се организира според планот во 2021 година.

Главната причина зошто 75,3 проценти од Јапонците веруваат дека Олимписките игри треба да бидат или повторно одложени или откажани е затоа што ставот дека приоритет на владата треба да биде борбата против коронавирусот, што беше посочено од 12,7 испитаници.

Дополнителни трошоци за „спортска екстравагантност“ ги наведоа 5,9% од испитаниците како причина за неодржување на игрите следната година.

Повеќе од половина од учесниците во анкетата изразија незадоволство од одговорот на Владата на премиерот Шинзо Абе на пандемијата на коронавирусот.

Резултатите од анкетата покажаа дека 66,4 проценти од Јапонците веруваат дека Владата треба да прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на бројот на ново заразените лица во Токио во последните неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот