Јанушев: Ги разбирам советниците во Штип, ама Преспанскиот договор за ВМРО-ДПМНЕ е завршена работа

Игор Јанушев во гостување на ТВ24 / 1 ноември 2021 / фото: ТВ24/принтскрин

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа, се осврна на случувањата во Советот на општина Штип каде советниците од ВМРО-ДПМНЕ потпишаа уверенија под името „Република Македонија“. Јанушев потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор се нема променето, но дека ја разбира постапката на советниците.

„За ова разбрав од медиумите, не знам што точно се случило. Од тоа што го прочитав, уверенијата така биле напишани. Не амнестирам некого од одговорност. Ако е така, мислам дека одговорноста терба да се види во општинската изборна комисија, затоа што Уверенијата ги издава комисијата, а не градоначалникот. Нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор не се променил. Преспанскиот за нас е завршена работа. Од друга страна, како некој што му пречи придавката, ги разбирам и овие потези. Не го гледам како нешто на кое што треба да му се дава преголемо значење, ниту да му се посветува преголемо внимание. Ако ова го гледаме како прекршување на Уставот, при промената на уставното име, зошто тогаш не го гледавме тоа како кршење на Уставот?“, рече Јанушев.

На прашањето како ќе функционираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставното име Република Северна Македонија, Јанушев вели дека „ќе го прифатат каде што ќе мораат“.

„Градоначалниците ќе потпишуваат документи каде што нема да биде возможно потпишување без придавката, но ќе има простор како што ќе може да покажат пркос“, одговори Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот