Јанша: Заострени мерки против ковид-19 како последица на ширење на лажни вести за ризиците од вирусот

Фото: EPA-EFE/Olivier Matthys / POOL

Лажните вести со кои се негира опасноста од коронавирусот што во Европа се шират претежно преку социјалните мрежи, но, за жал и преку главните медиуми, ги принудуваат земјите на континентот да преземат поостри мерки отколку што е потребно, изјави словенечкиот премиер, Јанез Јанша денеска во Брисел.

Во пресрет на вториот ден од Самитот на Европската Унија (ЕУ), Јанша рече дека лидерите на земјите-членки многу разговарале за начините за борба против лажните вести во смисла на негирање на опасноста и негирање на самото постоење на вирусот, пренесува агенцијата СТА.

– Ова предизвикува голема штета на нашата заедничка борба против ширењето на коронавирусот на национално и на континентално ниво и принудува на преземање на поостри мерки отколку оние кои би биле доволни без лажни вести и масовно ширење на целосно ненаучни и нелогични негирања, истакна Јанша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот