Израелскиот министер за одбрана „искрено“ жали за убиството на Палестинец со посебни потреби

Во соопштение на пограничната полиција се вели дека командир и полицаец трчале по него. Мислејќи дека тој држи пиштол, тие отвориле оган кон кего. Халак немал пиштол, туку мобилен телефон.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска изрази жалење поради убиството на невооружениот Палестинец со посебни потреби при полициска потера во Ерусалим.

– Искрено жалиме за случајот во кој беше застрелан Ијад Халак”, изјави Ганц по состанокот на владата во Ерусалим. Тој изрази сочувство до семејството на жртвата што живее во источен Ерусалим и вети брза истрага за убиството.

– Сигурни сме дека овој настан ќе биде истражен  брзо и дека ќе се извлечат заклучоци, рече тој.

Халак, во рани триесетти години, бил придружуван од учителка на пат кон специјална образовна институција кога израелската гранична полиција патролирала во Стариот град и му наредила да запре.

Исплашен, почнал да трча и сакал да се скрие зад контејнер за смет, изјавија роднини.

Во соопштение на пограничната полиција се вели дека командир и полицаец трчале по него. Мислејќи дека тој држи пиштол, тие отвориле оган кон кего. Халак немал пиштол, туку мобилен телефон.

Палестинските водачи го осудија инцидентот како „воен злосторство” и истакнаа дека „неказнивоста” на Израел значи дека тие не се чувствуваат одговорни.

Израелскиот нов министер за внатрешни работи Амир Охана од десничарската партија на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Ликуд, исто така изрази „жалење” за смртта на Халаки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот