Израелски фудбалски тренер на Хапоел Тел Авив убиен во напад во Египет

фото: instagram.com/hapoeltafc

Израелскиот фудбалски тренер Алон Шамли во помладите категории на Хапоел Тел Авив e убиен во напад во Египет.

Информациите велат дека полицаец отворил оган врз израелски туристи. Шамли, кој беше меѓу туристите, за жал не го преживеа нападот. Мотивите зад пукањето остануваат нејасни, а израелското Министерство за надворешни работи моментално води интензивна истрага за трагичниот инцидент.

Веста за смртта на Шамли ја соопшти Хапоел Тел Авив, клубот во чија младинска школа работеше.

– Еден од тренерите на младинската школа, Алон Шамли е убиен во терористички напад во Египет. Во младинската школа на Хапоел дојде пред година и пол, кога минатата сезона работеше како главен тренер на третата екипа, а оваа сезона работеше како помошник на првиот тим.

Просветен работник, вистински спортист, скромен, имаше многу страст за фудбалот. Имаше одличен однос кон децата, го сакаа и фудбалерите и колегите – се вели во соопштението на Хапоел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот