Израелската армија уништи објект на военото разузнавање на Хамас во Газа

epa09193294 Israeli artillery in action as the escalation continues between Israeli army and Hamas at the Gaza Border, Israel, 12 May 2021. At least 40 people were reportedly killed in Gaza and five in Israel as tensions have escalated in the region, leading to the heaviest offensive between Israelis and Palestinians in years. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелски борбени авиони грантираа објект на военото разузнавање на Хамас во северниот дел на појасот Газа. Тоа го објави армиската прес-служба.

„Во текот на ноќта, израелската армија погодија военоразузнавачки објект на терористичката организација Хамас, лоциран во северниот дел на појасот Газа”, соопшти војската.

Утрово палестинските радикали продолжија со ракетен напад врз големиот град Бер Шева во јужен Израел, соопшти прес-службата на израелската армија.

„Во градот Бер Шева активирани се сирени за воздушна тревога”, се вели во соопштението. Во текот на изминатата ноќ градот неколкупати беше погоден од ракетен оган од Појасот Газа.

Палестинците  пријавија 11 загинати на окупираниот Западен брег  во судири меѓу демонстранти и израелските безбедносни сили, а најмалку 132 лица се убиени во Газа од понеделникот, вклучувајќи 32 деца и 21 жена и 950 ранети, соопштија палестинските медицински власти.

Меѓу осумте загинати, колку што досега потврдија во Израел, покрај војниците кои загинаа на границата со Газа, има и шест цивили, меѓу кои и две деца, објавија израелските власти.

Видео на денот