Израелците изложени на делта сојот ќе бидат ставени во карантин

epa

Израел денеска ги овласти здравствените работници да ги стават во 14-дневен карантин сите лица за кои ќе проценат дека биле изложени на делта сојот на коронавирусот дури и ако биле вакцинирани или ја прележале инфекцијата.

Одлуката е донесена по вчерашното предупредување на израелскиот премиер Нафтали Бенет поради новата епидемија со делта сојот и порастот на бројот на дневни инфекции.

Израелскиот министер за здравство Ницан Хоровиц во Кнесетот најави дека израелските државјани кои би патувале во земјите кои се на „црната листа” поради висок ризик од ковид-19, ќе се соочат со парични казни.

Околу 5,5 проценти од населението во Израел, од вкупно 9,3 милиони граѓани примиле две дози од вакцината Фајзер – Бионтек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот