Изненадување, замената за Зидан доаѓа од Бундеслигата

epa08888629 Leipzig's German headcoach Julian Nagelsmann reacts during the German Bundesliga soccer match between TSG Hoffenheim and RB Leipzig in Sinsheim, Germany, 16 December 2020. EPA-EFE/DANIEL ROLAND / POOL DFL REGULATIONS PROHIBIT ANY USE OF PHOTOGRAPHS AS IMAGE SEQUENCES AND/OR QUASI-VIDEO

Зинедин Зидан наскоро ќе си замине од тренерската функција во Реал Мадрид.

Германскиот магазин „Билд“ објави дека Зидан најдоцна до крајот на сезоната ќе ги замине од клупата на Реал Мадрид, и дека „кралевите“ веќе имаат подготвено негов наследник кој доаѓа од Бундеслигата.

Станува збор за тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе подолго време се интересира за младиот тренер кој досега ги одбиваше сите понуди од гигантите, и смета дека идеалниот момент е дојден и од наредната сезона Нагелсман ќе биде новиот тренер на шпанскиот гигант.

Нагелсман е еден од најмладите тренери во најсилните лиги, има само 34 години но има дури петгодишно искуство. Прво имаше голем успех седејќи на клупата на Хофенхајм кој го донесе во врвот на германскиот фудбал, а сега моментно прави чуда со Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот