Измамник од Охрид „олеснил“ двајца кичевци за 15.000 евра

42-годишен охриѓанец доби кривична пријава, откако според полицијата, тој измамил двајца жители на Кичево, ветувајќи им дека ќе им набави машини и возило од странство. Тој им ги зел парите, но не ги набавил нарачаните машини, соопшти МВР.

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда 48-годишен маж и 37-годижен маж, двајцата од Кичево, и им ветил дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби. За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот