Изложба и промоција на монографијата „Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски

Колоритниот и динамичен главен град на Куба, Хавана, е во фокусот на книгата. Во април 2017 година, резервирајќи пат и престој преку интернет, во придружба на својот фотоапарат, авторот Брсакоски тргнува на двонеделен престој во Хавана. Тоа што за тие 14 дена го видел и го доживеал во Хавана го забележал со својот „канон“. Кубанците се постојано присутни во речиси секој кадар на фотографиите. Најобични луѓе во најразновидно опкружување што импресионира со својот колонијалистички стил што се распаѓа во времето и просторот.

Оваа импресивна фотоколор-монографија „La vida de la Habana / Животот во Хавана“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 120 фотографии. Книгата тематски, фотографски е поделена на четири фотоедиции по триесетина колор-фотографии насловени: „Луѓе“, „Улици“, „Возила“ и „Архитектура“.
Книгата беше промовирана во јули оваа година во книжарницата „Литература.мк“ на улицата Македонија во Скопје, по што беше претставена и во Куманово. Авторот планира промоции и изложби во Штип, Прилеп, Битола, Софија, Солун, Белград и Њујорк.

Во Кинотека на Северна Македонија ќе бидат изложени 42 фотографии од монографијата од кои некои веќе учествуваа на меѓународни изложби и освоија награди.

Промотор на „Животот во Хавана“ ќе биде писателот Владимир Плавевски, кој е автор и на предговорот на монографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот