Излезе „Културен печат“ број 74 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 74, во печатеното издание на „Слободен печат“ (27-28.03.2021), го отвораме со фотографии од изложбата „Уметноста на досадата“ во градината на резиденцијата на ЕУ-амбасадорот во Скопје, а меѓу содржините има:

– интервју со Атанас Конески од Фондација „Небрегово“: Делото на Блаже Конески е тестаментално

– Светски ден на театарот – 27 март, со пораки од актерките Хелен Мирен и Сузан Акбелге

– Светскиот ден на поезијата е одбележан со чествување на Блаже Конески во УНЕСКО

– добитничка на „Златен венец“ на СВП за 2021 година е британската поетеса Керол Ен Дафи

– добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2021 година за најдобра дебитантска поетска збирка е српскиот поет Владан Кречковиќ

– Македонскиот ПЕН-центар одбележа три јубилеи на Светскиот ден на поезијата

– Агенција за филм: Со „Факти и бројки“ до транспарентност на буџетот за македонските филмови

– еминентни автори ќе бидат претставени во Националната галерија во текот на 2021 година

– европски проект „КреАрт“ за поголема видливост на делата на младите креативци

– ликовна изложба на Боро Арсовски во КИЦ: Колорна авантура базирана на чисти чувства

– дискографската куќа „Шарла рекордс“ го објави албумот „Фалан филан“ на групата „Перија“

– „Арс Ламина“ ја објави книгата „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

– прозна микрофикција – „Престапни години“ од Оливера Ќорвезироска

– пишувањето и животот како маратон во творештвото на Харуки Мураками.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот