Излезе „Културен печат“ број 224 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 224

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 224, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (30-31.3.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со филозофот, естетичар и професор Иван Џепароски за книгата „Комичното и хуморот“: За смеа се потребни двајца

– разговор со џез-гитаристот Филип Динев: Желбата да се напредува е голема

– Драмски театар Скопје ја промовираше монографијата „Ристо Стефановски“: Резиме на еден столб во македонската современа култура

– Театар Комедија премиерно ја изведе претставата „Пар распар“: Непомирлива спротивност на карактерите

– Камерниот оркестар „Ајга“ ќе ја изведе македонската премиера на оркестарската верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите

– Ансамблот „Танец“ со голем ентузијазам ја подготви својата јубилејна сезона во која прославува 75 години од основањето

– Македонскиот народен театар својот 79-ти роденден ќе го одбележи со хуманитарна програма

– првиот професионален детски театар на македонски јазик, Театар за деца и младинци – Скопје, го прослави својот 34. роденден

– Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ избра три необјавувани и неизведувани драми од македонски автори

– првото издание на манифестацијата „Денови на поезијата“ од 21 до 24 март се одржа во „Скопје сити мол“

– издавачката куќа „Илика“ ја објави книгата „Девојчински спомени“, првиот превод на македонски јазик на француската писателка Ани Ерно

– Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ ја објави книгата „Мал историски калеидоскоп“ од Невен Радически.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот