Избрзаната радост му донесе година и пол војска наместо златен медал

Џунг (десно) му се израдувал само на сребрениот медал - Фотографија Момент од видео снимка

Јужнокореецот Џунг Чеол-вон целиот живот ќе жали поради тоа што преарното ги кренал рацете за да ја прослави победата во финалната штафетна трка со ролери на 3.000 метри на Азиските игри во Кина.

Џунг не само што остана без златниот медал, туку и ќе мора да го отслужи 18-месечниот воен рок, кој во Јужна Кореја е задолжителен за сите мажи на возраст до 30 години. Изземени се врвните спортисти со победи на Олимписки игри, светски или континентални првенства.

Јужнокореецот бил убеден дека во завршниот спринт му побегнал доволно на Хуанг Ју-лин, но не забележал дека Тајванецот ја испружил левата нога далеку пред себе, доволно за да помине низ целта за една стотинка побрзо.

– Направив голема грешка. Не поминав низ целта со полна брзина. Го спуштив гардот прерано. Многу ми е жал – изјави Џунг.

Грешката на Џунг може да го „заглави“ 18 месеци во војска и неговиот партнер во штафетната трка Чои Ин-хо. За утеха, 27-годишниот Џунг и 22-годишниот Чои ќе имаат уште една шанса да се извлечат од воената обврска, ако стигнат до златото на следните Азиски игри во Јапонија во 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот