Изберете бои на облеката со кои ќе го подобрите расположението

облека фустан

Размислете во какво расположение се разбудивте утрово, а потоа сетете се и што облековте.

Сте забележале ли дека многу често избирате бои на облека според моменталното расположение? Во тој случај добро е да знаете и дека со изборот на боја можете и да го промените и да влијаете врз тоа како се чувствувате.

Ова го тврди британскиот психолог Керолин Мер, која го препорачува следново:

1. Ако сте нервозни, Мер советува да избегнувате облека со црвена боја и наместо тоа да се одлучите за сина или зелена. За потпол изглед може да изберете и розови или нежно портокалови бои кои во себе содржат што помалку црвени тонови.

2. Ако сте тажни, во овој случај црвената боја ќе ви помогне да се наполните со енергија и веднаш да го подобрите расположението.

3. Ако сте изморени, спротивставете се со интензивна портокалова. Оваа боја носи доволно црвени тонови, а во исто време потсетува и на лето и топлина. Сепак, не ризикувајте да личите на морков и комбинирајте само едно парче или моден детаљ со оваа боја.

4. Ако сте лути и под стрес, обидете се со пастелни тонови на сина, зелена и беж. Овие бои може да придонесат да се разведрите и да воспоставите рамнотежа на емоциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот