ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА ВО АВСТРИЈА: Планинарка ја погодил гром, извлекувањето траело со часови

планинарка
Принтскрин

Во Австрија за малку е избегната голема трагедија на планина, кога планинарка од Босна и Херцеговина ја погодил гром, спуштајќи се од врв во Траунштајн.

Спуштајќи се, таа се задржала на челична сајла, која во моментот изненадно била погодена од молња.

Иако имала болки, продолжила да се симнува. Во меѓувреме побарала помош, а спасувачката екипа успеала да ја лоцира 29-годишната планинарка и нејзиниот придружник и да спречи да се случи голема трагедија, бидејќи таа веќе не можела да се движи.

Спасувањето траело четири часа, а девојката била примена во болница во Гмунден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот