Фото: mtftennis.mk

Ивановски се повреди и го предаде четвртфиналето во Куршумлиска Бања

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на турнирот во српската Куршумлиска Бања во четвртфиналната фаза, откако беше приморан да го предаде мечот против првиот носител на турнирот, Свјатослав Гулин, поради повреда.

Meчот започна лошо за Ивановски, по израмнување на 1-1 во првиот сет, рускиот тенисер направи серија од пет последователни гема и го освои сетот со убедливи 6-1.

Во вториот сет, Ивановски успеа прв да поведе со 1-0, но Гулин брзо возврати со три добиени гема за водство од 3-1. Во петтиот гем, по само еден одигран поен, македонскиот тенисер се повлече од мечот, очигледно поради повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот