Ивановски ќе настапи на јуниорскиот турнир „Австралија опен“

Фото: facebook.com/Македонски-тенис

Една од најголемите македонски тениски надежи, 17-годишниот Калин Ивановски ќе учествува на „Австралија опен“ во Мелбурн во јуниорското натпреварување.

Оваа информација ја потврди „itftennis.com“ на чија листа се и останатите тенисери кои ќе бидат дел од овој настан.

Ивановски ќе биде дел од главната жрепка. Турнирот ќе се одржи во периодот од 22 до 29 јануари 2022 година.

Лани нашиот тенисер беше дел од јуниорскиот турнир на „Вимблдон“ каде што стигна до осминафиналето.

Исто така беше дел и од „УС Опен“ каде што беше елиминиран во првото квалификациско коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот