Ивановска го најави стартот на ветингот на судиите и обвинителите

Фото Слободен печат

Државната антикорупциска комисија подготвува методологија со која ќе ги проверува судиите и обвинителите. Наредната недела од Судскиот совет ќе побара податоци за сработените предмети на судиите. Има план – со ветингот прво да бидат опфатени одреден број на судии затоа што Комисијата немала технички и човечки ресурси за одеднаш да провери над 600 судии и обвинтели.

Според претседателката на Комисијата, Биљана Ивановска, антикорупционерите ќе ја водат работата во рамките на нивните материјални, технички и човечки ресурси.

– Во тек сме на утврдување на методологија кој од тие судии ќе биде избран за проверка. Следната недела ќе побараме податоци за работата на судиите од Републичкиот судски совет и врз основа на тие податоци ќе констатираме дали проверката ќе биде во однос на ефикасноста на нивната работа, кој колку предмети сработил. Дополнително ќе ги утврдиме критериумите и врз основа на нив ќе направиме избор на примерок. Меѓутоа јавноста да не очекува премногу – вели Ивановска.

Според неа, ветингот е прашање на политичката воља, бидејќи за да се спроведе успешен ветинг, треба да се усогласат политичарите, одосно да се договорат околу тоа кои елементи и кои институции ќе ја истражуваат корупцијата кај судиите, политичарите и функционерите.

– Системот вака како што е поставен и сега има можност за тоа, само треба да функционира. Сработеното од ДКСК треба да го продолжи финансовата полиција, а потоа и Републичкиот судски совет. Ако имаше воља, се можеше да се направи и до сега. Но треба само сите малку подетално да работат. Една птица не ја носи пролетта. Еве на пример, од многу предмети на обичните граѓани кои не се задоволни од судските одлуки, а сме ги препратиле до Судскиот совет – немаме добиено никаков одговор или пак сме добиле кратки одговори во стилот „нема елементи“. Треба да се покрене совеста на одговорните лица, секој да си работи во рамките на своите наделжности – вели Ивановска.

До сега ДКСК има отворено 9 такви предмети, од кои 5 се за судии. Меѓу нив претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, на Врховниот суд, Јово Вангеловски, судиите Светлана Костовска и Софија Лаличиќ. ДКСК има покренато иницијативи за поведување на кривична одговорност за вицепремиер, градоначалник, министри.

– Се да не чини во државата, ако имаме добро судство, некој на крај што ќе ја донесе пресудата, ќе почне да чини. Што и да правиме, ако таму се забошотуваат работите и од едно зборче да се каже дека нема одговорност и да се одолговлекуваат судењата. Еве што направија со предметите на СЈО. Зошто ги одолговлекуваат. Каде е ефикасноста – вели Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот