Иванишевиќ: Ѓоковиќ и Надал не се пријатели

Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ кој неодамна се раздели со Новак Ѓоковиќ зборуваше на разни теми во светот на тенисот, но најмногу за ривалството помеѓу Ѓоковиќ и Надал.

Иванишевиќ истакна дека Ѓоковиќ и Надал обележиле една епоха во тенисот.

„Двајцата обележаа една ера, заедно со Рожер, секако тука беа уште: Енди Мареј и Вавринка, како и уште неколку играчи. Но Рожер замина порано, а и Рафа се повреди се повреди, па доста изостануваше. Глупаво е да се замерува на Надал за било што – Рафа е Рафа. Мислам дека постојат два рекорди кои никогаш нема да бидат срушени. Тоа се 14. титули на Надал на Рола Гарос и бројот на недели на Ѓоковиќ на првото место на АТП листата“.

Потсети и дека Ѓоковиќ се уште го подобрува рекордот за врвот на АТП листата.

„На тој рекорд на Ѓоковиќ се уште не е дојден крајот. Не знам до каде може да оди, но ако работите се одвиваат како што се очекува се до Ролан Гарос ќе биде таму. Двајцата направија нешто посебно, знам медиумите сакаат конфликт, меѓутоа треба да се почитува нивното ривалство. Тие не се пријатели, но имаат почит еден кон друг“, истакна Хрватот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот