Италијанското обвинителство осомничи 237 лица за шверцање на дрога, од нив 117 Албанци

Фото Архива

Обвинителството во Италија осомничи вкупно 237 лица во истрагата против голема мрежа на шверцери на дрога од десет држави, меѓу кои 117 Албанци.

Италијанската полиција на таканаречената „Операција Крабурн“ откри мрежа на шверцери на дрога, кои во Италија ја доставувале од Албанија, Турција, Холандија, Шпанија, Белгија, Македонија, Хрватска, Франција и Германија.

Лидерите на оваа организација, според италијанските власти, се Франческо Абрузезе, Масимо Албанезе и Албанците Едмонд и Алфред Беќири, Ндуе Сокољи и Арбен Вељико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот