Италијанско Министерство за здравство: Го минавме прагот од 100.000 починати од ковид-19

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Италија денеска го мина прагот од 100.000 починати лица од ковид-19, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 318 смртни случаи со кои вкупната бројка од почетокот на пандемијата изнесува 100.103.

Најзагрозени региони се Ломбардија на северот, каде досега се евидентирани речиси 30.000 починати пациенти. По неа следуваат Емилија-Ромања со околу 11.000 смртни случаи, па Пиемонт и Венето по 10.000 починати од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот