Италијанскиот вицепремиер вели дека земјата мора да се врати на нуклеарната енергија

Матео Салвини / Фото EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Италија мора повторно да се сврти кон нуклеарната енергија и да изгради нова нуклеарна централа до 2032 година, изјави министерот за инфраструктура Матео Салвини.

Лидерот на Лега, член на владејачката коалиција, исто така предложи локација, предлагајќи новата нуклеарна централа да биде изградена во Милано. И водечката партија во коалицијата Браќа Италија предводена од премиерката Џорџа Мелони се залага за враќање на нуклеарната енергија.

Италија ја напуштила нуклеарната енергија по катастрофата во Чернобил во 1986 година и го затворила својот последен реактор четири години подоцна. Последователно, тие почнале повторно да размислуваат за вклучување на нуклеарни централи, но плановите биле замрзнати по катастрофата во јапонската Фукушима во 2011 година.

Повеќе од 94 отсто од Италијанците еднаш на референдум гласаа против враќањето на нуклеарната енергија, а министерот Салвини, започна кампања за повеќекратно изјаснување на граѓаните.

Изградбата на нуклеарни централи во Европа се смета за многу скап и долгорочен процес, а градителите често ги пропуштаат роковите, забележува агенцијата ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот