Италијанската полиција и Интерпол го открија најголемиот грабеж во берзата за Биткоин

Биткоин / Фото: Архива

Италијанската финансиска полиција го откри авторот на досега најголемиот грабеж во сферата на кибер финансиите, односно берзата на која се разменува криптовалутата Биткон.

Станува збор за 34-годишен жител на Фиренца, кој како сопственик на овластена компанија за менување на криптовалута во други валути, оштетил штедачи од целиот свет за 120 милиони евра.

Исто така, тој им овозможил на други хакери да ги пренасочат или присвојат парите на штедачите на сопствените сметки преку информатичката платформа „Битгрејл”, а со тоа да оштетат вкупно 230.000 сопственици на криптовалути од целиот свет.

Акцијата беше успешно завршена благодарение на соработката на италијанската полиција и Интерпол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот