Италијанецот Сантарели е новиот селектор на српските одбојкарки

Даниеле Сантарели/ фото: cev.eu

Актуелниот тренер на италијанскиот шампион Имоко Волеј Конелјано, Даниеле Сантарели е новиот селектор на женската одборкарска репрезентација на Србија. Сантарели потпиша договор со Одбојкарската федерација на Србија до 2025 година, а доаѓа на местото на Зоран Терзиќ кој цели 20 години ги предводеше одбојкарките.

– За мене е чест и привилегија да бидам селектор на женската репрезентација на Србија која е една од најдобрите на светот. Ги следев нивните игри минатата година и навистина им се воодушевувам на постигнатите резултати и постојаната желба за победа која ги кради. Ќе се обидеме да го задржиме континуитетот на добри резултати – изјави 41-годишниот Сантарели.

Даниеле Сантарели со Конелјано освои четири титули во италијанскиот шампионат, три купа на Италија, четири Суперкупа на Италија и по една титула во Лигата на шампионите и во Светското клупско првенство.

Италијанецот има селекторско искуство, тој од 2018 до 2022 година седеше на клупата на репрезентацијата на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот