Италија: Отворање на економијата на 4 мај, училиштата дури во септември

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Италија повторно ќе ги отвори производствените капацитети на 4 мај во согласност со мерките за ублажување на карантинот, а училиштата ќе с еотворат дури во септември, изјави премиерот Џузепе Конте во интервју за весникот Ла Република.

„Работиме на тоа да овозможиме повторно отворање на поголемиот број компании, од прозиведствени до градежни, од 4 мај“, изјавил Конте и додал дека мерките ќе бидат претставени најдоцна до почетокот на следниот месец.

Италија беше првата европска земја тешко погодена од новиот коронавирус и прва воведе карантин во март.

Светот внимателно ги следи нејзините постапки за повтоното отворање на економијата, додека други исто така тешко погодени земји, разгледуваат различни мерки.

Конте изјави дека компаниите треба да воведат строги здравствени сигурносни мерки пред да им се дозволи отворање.

Тој посочи и дека училиштата повторно ќе се отворат во септември, меѓутоа, додаде дека ризикот од зараза е многу висок. Учењето на далечина добро функционира, рече италијанскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот