Истражување: Една-третина од штетните гасови потекнуваат од производството на храна

epa01522314 A general view of a production line of liquid milk at a factory of Yili Industrial Group Co. Ltd., outside Hohhot, Inner Mongolia Autonomous Region, China, 16 October 2008. Yili is one of China's largest producers of dairy products. Chinese authorities have promised to regulate inspection of the dairy industry following the scandal where milk products were found to have been tainted with melamine that sickened tens of thousands of children. World Food Day is observed 16 October with the theme to 'consider challenges to food security'. EPA/MICHAEL REYNOLDS

Во истражувањето објавено во списанието „Нејчр фуд” (Nature Food) се истакнува дека една-третина од штетните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина потекнуваат од производството, пакувањето, дистрибуцијата и уништување на отпадот од храната за човекот.

Исто така до зголемување на штетните гасови придонесува и проширувањето на земјоделското земјиште и уништувањето на шумите.

Во студијата се посочува дека е потребна трансформација на системите за храна, што би довело до поефикасно намалување на емисиите на штетни гасови.

Емисиите на штетни гасови од производството на храна се регистрирани од 1990 до 2015 година, додека во новите пресметки се вклучени и подготовката на храна и отстранување на отпадот од истата.

Емисиите на штетни гасови, што предизвикуваат ефект на стаклена градина од системот за храна во 2015 година изнесуваче 34 отсто од вкупните штетни гасови, а околу половина од нив се јагледрод диоксид, произведен при обработка на земјиштето, пакувањето , транспортот и претаботката на храна.

Додека една-третина од емисиите се метан, кој потекнува главно од сточарството, но и од производството на ориз и друго.

Додека останатиот дел се од азотен оксид што потекнува од земјоделските ѓубрива.

Во студијата се посочуваат и земјите кои емитуваат најмногу штетни гасови од системот за храна. На прво место е Кина (со 13,5 отсто), потоа следат Индонезија (8,8), САД (8,2), Бразил (7,4) и земјите-членки на Европска Унија (6,7) и Индија (6,3 проценти).

Обединети нации неодамна објавија дека во 2019 година 17 проценти од достапната храна во светот односно речиси една милијарда тони храна била фрлена од домаќинствата, продавниците и институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот