Истрага за убиството на професорот Пати во Франција: Обвинение за „соучесништво“ против четворица малолетници

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Продолжува истрагата за атентатот врз професорот по историја и географија, Самуел Пати, откако во октомври, седум лица, вклучувајќи и двајца ученици од основно училиште, беа изведени пред лицето на правдата.

Според информациите објавени денеска, четворица други ученици се обвинети во истрагата за убиството на 16 октомври на професорот Пати, поради тоа што на своите ученици им покажал карикатури на Мухамед.

Тројца од малолетните лица на возраст од 13 и од 14 години, сега се обвинети за „соучесништво во терористички атентат”, со тоа што ја означиле жртвата на напаѓачот Абдулах Анзоров пред нивниот колеџ во Конфлан-Сант-Хонорин во Ивелин.

Четвртото лице, обвинето за „клеветничко обвинување”, е ќерка на Брахим Чхина, родител на ученичката кој стои зад медиумската кампања против професорот Пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот