Историја во НБА, Европјани најдобри играчи на месецот

twitter/Dallas Mavericks

Бекот на Далас маверикс, Лука Дончиќ го одбележа ноември во Западната конференција додека на Истокот доминираше крилото на Милвоки бакс, Јанис Адетокумпо.

Далас маверикс во минатиот месец имаше скор од 12 победи и шест порази, а Дончиќ беше убедливо најдобар со просек од 30.6 поени, 9.9. скокови и 9.6 асистенции. Младиот словенечки кошаркар кој минатата година беше прогласен за дебитант на годината, во ноеммври собори и израмни неколку рекорди.


– Секоја награда ми значи, а оваа за играч на месецот е посебна. Тоа е голема работа и ме мотивира да продолжам со напорна работа и понатаму. Нормално, наградата немаше да ја освојам доколку не беа соиграчите и тренерите – изјави Дончиќ

Во Источната конференција, доминира Милвоки бакс кој има скор од 17 победи и само три порази, а се наоѓа во серија од 12 триумфи по ред. Очекувано, прво име кај Малвоки и минатогодинешниот МВП, Јанис Адетокумпо со 30.8 поени, 13.4 скокови и 5.9 асистенции по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот