Истокот под вода, Западот во оган: Две катастрофи ја пустошат Америка (ФОТО+ВИДЕО)

Остатоци од ураганот Сали во четвртокот исфрлија повеќе од 30 сантиметри дожд над југоистокот на САД, при што најмалку едно лице загина, однесени се мостови и патишта, а стотици илјади луѓе останаа без струја, а други во разурнати домови.

Поплави во Алабама, населението ги напушти домовите/ 17 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Сали донесе обилни дождови и силни поплави во сојузните држави Алабама и Џорџија, додека продолжуваше кон двете Каролини. Во 17 часот по локално време се наоѓаше на околу 115 километри североисточно од Огаста во државата Џорџија и се движеше североисточно кон Атланскиот океан со брзина од 39 километри на час, извести американскиот Националниот центар за урагани.

Џеј Џеј Мекнелис (64) кој е косопственик на канцеларија за недвижности во Пердидо Кеј на Флорида се обидува да ја спаси опремата и личните предмети, вклучувајќи и фотографии од своите деца, откако ураганот откорнал покрив од зградата и го фрлил на соседниот имот.

„Очекувавме ураган. Не очекувавме главна премија. Размислувавме како ќе дојдеме следниот ден и дали ќе не дочека зградата, но ете, тоа не беше случај“, рече тој додавајќи дека нема да го обновува објектот.

Поплавени улици во Галф Шорс, Алабама/17 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Сали го погоди Галф Шорс во Алабама рано утрото во среда со ветрови од 168 километри на час, усмртувајќу едно лице. Пријавено е едно лице за исчезнато.

Некои подрачја биле преплавени со повеќе од 60 сантиметри дожд. Пенсакола на Флорида доживеа поплава која достигнува и до 150 сантиметри, додека поради оштетените патишта и мостови ограничени се патувањата во целиот регион.
Околу 433.000 домови и компании во Алабама, Џорџија и Флорида останаа без електрична енергија.

Сали на 18. та прогласена бура во Атлантикот оваа година и осма тропска бура со јачина на ураган која ги погоди САД.

Истовремено, во западниот дел на САД раширени се разорни пожари со кои со денови се борат американските пожарникари. Сенаторот на Орегон рече дека делови од оваа сојузна држава потсетуваат на бомбардирањето во Втората светска војна.

Пожарите запалија околу 1,3 милијарди хектари во Калифорнија од средината на август и уште 647.500 хектари во државите Орегон и Вашингтон од 7 септември. Предизвикаа голема штета во некои помали градови, уништувајќи илјадници домови и усмртувајќи најмалку 34 лица.

Пожарот Бобкет ја пустоши Калифорнија/ Фото: EPA-EFE/EUGENE GARCIA

Управата за шумарство на Орегон извести дека 6.500 пожарникари од таа сојузна држава и другите места во САД и Канада поради запирање на пожарите, покрај другите припаднции на владините агенции за вонредни случаи и граѓаните.

Дваесет и шест пожари се активни во четвртокот во Орегон, според канцеларијата за кризен менаџмент.

Калифорниската управа во шумарство и заштита од пожари објави дека повеќе од 17.400 пожарникари се борат со пожари во најнаселената американска сојузна држава.

Фото: Kathryn ELSESSER / AFP / Profimedia

Орегонскиот сенатор Џеф Меркли од прва рака сведочи за размерите на катастрофа, посетувајќи ги бегалските центри и градовите запалени до темел возејќи речиис 1.000 километри дожд патиштата на својата сојузна држава.

„Да се видат градови запалени до земја, изгледаат како градови погодени од запалливи бомби за време на Втората светска војна“, додаде тој.

Чад и црнила го покрија небото над западниот брег, но некои подрачја во четвртокот биле појасни отколку претходните денови.

Во Орегон се потврдени осум смртни случаи, а во Калифорнија 25, и еден во Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот