Испробан трик за одбивање инсекти кој секогаш делува: Еве што треба да ставите на прозорците
Нема ништо поубаво од утринското будење со отворен прозорец и свеж пролетен воздух кој влегува во собата, но здодевните инсекти често можат да го уништат тоа задоволство.
Препорачано
Се чини дека секогаш го наоѓаат својот пат низ најмалите пукнатини и влегуваат во нашиот дом. За среќа, постои едноставен начин да ги држите подалеку од домот без да користите штетни пестициди.
Измешајте вода и алкохолен оцет во сооднос 50-50 и со оваа смеса испрскајте го стаклото, и внатре и надвор. Доколку немате оцет дома, набавете малку бидејќи е исклучително корисен за чистење и одржување на вашиот дом. Оцетот ги отфрла и пајаците поради неговата киселост.
Овој метод е особено корисен за оние кои имаат дрвја пред своите прозорци. Растенијата во природата можат да привлечат инсекти кои често влегуваат и во вашиот дом, па мешавина од оцет и вода секогаш ќе ви се најде.
Ако сте загрижени за мирисот на оцет, немате причина да бидете – мирисот брзо испарува и станува незабележлив за човечкиот нос, додека инсектите бегаат од него. Овој природен и побезбеден начин за заштита од инсекти е исто така многу поевтин од комерцијалните производи.


