Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Исповед на ирански генерал по падот на украинскиот Боинг: Се колнам во децата, посакувам да изгорев во авионот

Помеѓу патниците загинати во несреќата во Иран имало 82 државјани на Иран, 63 Канаѓани, како и државјани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

Врховниот командант на Иранската револуционерна гарда, генералот-мајор Хосеин Салами, изрази сочувство поради нападот на украинскиот Боинг 737 во средата, во кој загинаа сите 176 патници со членови на екипажот.

– Никогаш немам почувствувано толкав срам во животот. Се колнам во животот и во моите деца повеќе посакувам да бев во тој авион и да изгорев заедно со сите жртви, отколку од страна да го следам овој трагичен инцидент – изјави Салами и истакнал дека таа војна формација не сака ништо друго освен да го брани Иран.

Помеѓу патниците загинати во несреќата во Иран имало 82 државјани на Иран, 63 Канаѓани, како и државјани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

Загинаа 11 Украинци, меѓу кои и девет членови на екипажот, 10 државјани на Шведска, четворица патници од Авганистан, тројца од Германија и тројца од Британија.

Иранската војска во саботата и официјално призна дека го соборила украинскиот авион по грешка, стои во соопштението објавено на иранската државна телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот