Исполнети сите услови за импичментот на Трамп во Сенатот

Најмалку 20 републиканци треба да гласаат исто како демократите, што засега е малку веројатно, такашто се предвидува дека Трамп нема да биде отстранет од функцијата.

Претставничкиот дом на САД денеска изгласа испраќање на предметите за импичмент во Сенатот и назначи седуммина, таканаречени менаџери, кои во својство на обвинители ќе го водат случајот против претседателот  Доналд Трамп на распитот во Сенатот, кој се очекува да почне идната недела.

Спикерката Ненси Пелоси назначи разновидна група на законодавци во кои се вклучени претседателот на Комисијата за разузнавање Адам Шифт и претседателот на Комисија за правосудство, Џери Надлер.

Останати членови се конгресмените Силвија Гарсија, Хаким Џефрис, Зои Лофгрен, Џејсон Кроу и Вал Демингс.

Пред да започне денесшната седница, спикерката изјави дека републиканците во Сенатот за обудуваат да протнат распит за отповикувањ на Трамп без сведоци а тоа било еднакво на „политичко затајување”.

-Американскиот народ целосно ќе разбере дека потегот на Сенатот да почне сослушување без сведоци и документи е чисто политичко затајување, изјави таа.

Демократите истакнуваат дека Сенатот и Мич Меконел, како и претседателот, се плашат од излегување на фактите на виделина.

-Американските граѓани ја заслужуваат вистината, и Уставот бара сослушување, соопшти Пелоси.

Денешното гласање отвори пат Сенатот да го почне сослушувањето најрано оваа недела, иако првите распити најверојатно ќе почнат на почеток на идната, додека Сенатот да ги заврши формалните процедури.

Во Сенатот, републиканците држат мнозинство од 53 спрема 47 членови. За импичмент на претседателот Трамп е потребно двотретинско мнозинство.

Најмалку 20 републиканци треба да гласаат исто како демократите, што засега е малку веројатно, такашто се предвидува дека Трамп нема да биде отстранет од функцијата.

Од Белата куќа денеска изјавија дека во Сенатот претседателот „ќе биде целосно ослободен од обвиненијата”.

-Но тој засекогаш ќе остане отповикан претседател, изјави денеска Пелоси.

-Уште една измамничка работа на демократите безделници. Целата оваа работа требаше да се заврши во Претставничкиот дом, не Сенатот, напиша Трамп на Твитер пред да започне гласањето во Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот