Исплатени 88,6 милиони денари на 5.400 корисници за произведено и предадено млеко

Фото: илустрација/архива на Слободен печат

На 5.400 корисници на подмерката за земјоделски стопанства, кои произведуваат кравјо, овчо и козјо млеко им се исплатени 88,6 милиони денари, соопшти Платежната агенција.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Агенцијата денес ја изврши исплатата за произведеното и предаденото млеко во месеците мај и јуни 2022 година.

– Во изминатиот период Агенцијата ја реализираше и исплатата за предаденото млеко од јануари – април 2023 година со што заедно со денешната премија по овој основ се исплатени над 232 милиони денари, вели директорот на Агенцијата Никица Бачовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот