Лично искуство: Овие пет лекции ги научив додека бев на диета без шеќер 10 дена!

Шенон Мери Бауер/ Фото: Инстаграм

Една новинарка се одлучила за предизвикот „10 дена без шеќер“, а го ограничила и внесот на мед, јаворов сируп и други природни засладувачи.

Додадениот шеќер е една од најголемите здравствени опасности денес бидејќи повеќето луѓе консумираат повеќе отколку што сугерираат експертите. Имено, на жените не им се препорачуваат повеќе од 24 грама додаден шеќер дневно, додека за мажите препораката е 36 грама.

Зошто е важно да се следат советите на стручњаците? Покрај тоа што може да доведе до зголемување на телесната тежина и расипување на забите (кариес), зголемениот внес на додаден шеќер е поврзан со дијабетесот, срцевите болести и со ракот на дојка. Токму затоа Шенон Бауер, новинарка од магазинот „Shape“, се одлучила за предизвикот „10 дена без шеќер“, а го ограничила и внесот на мед, јаворов сируп и други природни засладувачи.

– Мислам дека се хранам здраво. Во секој оброк додавам протеини или влакна, избегнувам преработена храна и јадам овошје и зеленчук. Не сум зависна од слатки или газирани сокови, но голем дел од мојата исхрана се состои од ароматизирани јогурти, веќе подготвени сосови и преливи – објаснила таа.

Затоа, вели таа, решила да се обиде да го избегне секој грам додаден шеќер. Секако, ја интересирало и што ќе направи со своето тело и дали желбата за шеќер ќе биде силна.

Појадокот без шеќер е голем предизвик

Можеби и вие самите за појадок избирате намирници кои содржат додаден шеќер.

Шенон веќе се соочила со својот прв предизвик во текот на појадокот.

– Моите омилени работи: јогурт со гранола, тост со авокадо и житарки што содржат шеќер. За среќа, пијам црно кафе, па не морав да ја менувам утринската инфузија од кофеин бидејќи тоа би било неподносливо – вели таа.

Меѓутоа, вели Шенон, појадокот без шеќер ѝ ги отворил очите и сфатила дека внесува многу шеќер уште пред да излезе од станот.

– Овесните снегулки без глутен направени со незасладено бадемово млеко, цимет и парче јаболко ми стана појадок по избор во текот на предизвикот, на крајот не ми недостасуваше ниту кафеавиот шеќер. Овој предизвик ме принуди да планирам бидејќи само така можам да избегнам практичен појадок и да го пронајдам оној што е вкусен и добар за мене. Уште еден бонус: ме држеше сита до ручек, а не се чувствував подуена – истакнала таа.

Таа додава дека најтешко ѝ било да одолее на печивата на деловниот состанок.

– Печивата содржат и шеќер и глутен, а според мене не постои прифатлива замена. Да се ​​спротивставам на ова искушение беше најтешкото искушение во овие 10 дена, но јас издржав – изјавила таа.

Планирањето на оброците е клучно

За да се откажете од лошите навики во исхраната, неопходно е планирање на оброците. Затоа Шенон еднаш неделно направила план за оброци и купувала намирници.

– Важноста на оваа рутина никогаш не беше поочигледна како во текот на овој предизвик. Дури и кога бев изморена, мрзлива, кога доцнев, успеав да го издржам предизвикот поради мојата подготовка. Исто така, изедов многу повеќе порции зеленчук – опишала таа.

Шенон, исто така, вели, оброците ги планирала околу зеленчукот наместо житарките, а потоа додавала протеини и здрави масти.

– Но, бидејќи не јадев многу јаглехидрати во текот на предизвикот, попладне чувствував замор. Вежбам пет дена во неделата, што обично вклучува комбинација од трчање и вежби со тежина. Јас не сум утрински тип, па обично вежбам кога ќе се вратам од работа. Меѓутоа, во текот на овие 10 дена на диета без шеќер, едвај ги држев очите доволно долго отворени за да подготвам вечера и да се истуширам – објаснила таа.

Регистрираната диететичарка Мари Спано наведува дека промените во исхраната на Шенон резултирале со тоа што таа внесувала премалку јаглехидрати или калории.

– Заменете ја храната што содржи шеќер со природно слатка храна и зголемете го вкупниот внес на јаглехидрати од скроб и житарки – предлага Мари.

Умереноста е подобра од елиминацијата

– За жал, сите вина имаат шеќер – забележала Шенон.

– Овој факт беше детално истражен на седмиот ден од мојата диета без шеќер, кога имав тежок ден и очајно сакав да си одам дома и да испијам чаша црвено вино – рекла таа.

Но, научила дека алкохолните пијалаци, џин, вотка, виски и рум немаат додаден шеќер. Секако, тоа се менува доколку се додадат сокови.

– Пиев за време на предизвикот, но се одлучив за алкохолни пијалаци со мраз или измешани со газиран сок без шеќер – навела таа.

Преку ова сфатила дека е подобро да се биде умерен отколку да се елиминираат одредени намирници.

– Повремена чаша вино, колаче или парче чоколадо за мене се вредни за додадениот шеќер. Меѓутоа, својата консумација ја сведувам на минимум – истакнала таа.

Додадениот шеќер е насекаде

Ако некогаш сте ги читале етикетите на храната, сигурно сте забележале колку шеќер имаат сите намирници, а тоа го забележала и новинарката.

– Бев изненадена од количината на шеќер во сосовите и преливите. Речиси секој ден за ручек носам салати на работа, а само две лажици прелив може да имаат 15 грама шеќер – рекла таа.

Со оглед на тоа дека го елиминирала додадениот шеќер, наместо прелив користела хумус, кој го мешала со обичен грчки јогурт, кој ѝ бил одлична замена за преливот.

– Избегнував нарачки и ресторани 10 дена бидејќи е речиси невозможно да се знае дали е додаден шеќер во јадењата – навела таа.

Затоа, вели, овој предизвик не е одржлив. Едноставно не е можно секој пат да се знае дали храната содржи шеќер.

Исфрлањето на шеќерот ќе се одрази на вашиот стомак

– Иако бројот на вагата не се промени по 10 дена, намалувањето на јаглехидратите го направи мојот стомак помалку надуен, а мускулите подефинирани. Моите цимерки дури коментираа дека изгледам како да сум ослабела – рекла таа.

– Многу намирници кои содржат шеќер може да предизвикаат надуеност, вклучително и газирани пијалаци, гуми за џвакање и слатки, а сето тоа ја зголемува количината на воздух што го консумираме – објаснува Спано.

Меѓутоа, не е лесно да се исфрли целиот шеќер од исхраната. Наместо да ги елиминирате, нутриционистката Спано предлага трајно да го намалите внесот со консумирање помалку готови сосови, избирање житарки со ниска содржина на шеќер и висока содржина на влакна и намалување на консумирањето на бонбони, колачиња и други слатки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот