Исхрана за секоја животна возраст: Што да јадете ако имате 20 или 30 години?

Фото: Unsplash

Секоја возраст си го носи своето, па во зависност од тоа, треба да ги внесувате намирниците што одговараат за одреден период од животот.

Нашето тело има различни „животни потреби“ во различни фази од животот,  затоа е важно да консумирате храна наменета за вашата возраст.

Ако до денес не сте размислувале за тоа, можеби е време да се прашате дали ги внесувате сите хранливи материи и минерали што ви се потребни. За да ви помогнеме, ви носиме едноставен водич за намирниците што треба да ги консумирате во зависност од вашата возраст.

Што да јадете во дваесеттите години?

Протеини: Внесот на протеини помага да се изградат мускулите и да се обноват, но на младите и активни луѓе можеби им требаат повеќе. Една од добрите намирници е тофу, кој нуди и многу влакна, кои исто така се потребни во поголеми количини за младите луѓе. Грашокот и јаткастите плодови се добар избор.

Комплексни јаглехидрати: Тоа е најголемиот извор на енергија, а сложените јаглехидрати се разложуваат подолго во дигестивниот систем и со тоа ви даваат многу енергија, но и го намалуваат чувството на глад долго време. Добри извори се гравот, киноа, овес и леб од цели зрна.

Храна богата со калциум: Калциумот ќе ги зајакне коските и забите, а тоа е особено важно во 20-тите години кога коските се целосно изградени и со максимална цврстина. Млечните производи, како што се кефир, јогурт, сирење се одлични извори на калциум. Тие исто така ги содржат и неопходните витамин Д, калиум и протеини.

Храна богата со железо: Железото помага во преносот на кислородот низ крвта и му нуди енергија на организмот. Недостигот на железо може да доведе и до анемија, а тоа е состојба во која нема доволно црвени крвни зрнца во крвта и тогаш кислородот не се пренесува како што треба. Младите жени често страдаат од недостиг на железо, но намирниците како грашок, суво грозје, спанаќ и чисто црвено месо може да бидат одлична помош. Не земајте додатоци на железо, освен ако лекар не ви го каже тоа.

Што да јадете во триесеттите години?

Кинеска зелка: Вистина е дека има повеќе луѓе што не јадат доволно овошје и зеленчук, па би било паметно да ги вклучите во дневното мени. Овие намирници се полни со хранливи материи и минерали, како зелениот зеленчук, а особено кинеската зелка, која е одличен извор на витамини К и Ц, фолна киселина, селен, бета-каротен и антиоксиданти. Исто така, содржи магнезиум, калиум и калциум.

Мрсна риба: Омега-3 масните киселини се хранливи материи што го штитат здравјето на мозокот и срцето. Тие се особено важни за трудниците или доилките, што често се случува во овој период од животот на жената. Рибата како лосос и сардина се одличен извор на омега-3 масни киселини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот