Исчистете ги запушените пори на скалпот и моментално забрзајте го растот на косата (РЕЦЕПТ)

Речиси секоја жена има утрински и вечерен ритуал за чистење на лицето, но колку од нас некогаш се сетиле да ја исчистат кожата на главата?

Ако чувствувате дека вашиот скалп ве чеша, чувствувате некоја тежина, а шампоните не ви помагаат, тоа не треба да ве чуди – веројатно порите на скалпот се запушени со себум, прав, наслаги од препарати за стилизирање на косата и сл.

Малку истражувавме и пронајдовме едноставен начин да ги исчистите запушените пори на кожата од главата, поради што растот на косата неверојатно ќе се забрза.

Се што ви е потребно се три таблети активен јаглен и малку обичен шампон.

Таблетите издробете ги, помешајте ги со шампонот и со оваа мешавина истријте го скалпот. Потоа, измијте ја косата како и обично.

Феноменални резултати ќе забележите по еден месец, а процесот на чистење треба да се повторува барем еднаш неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот