Исчистени диви депонии во скопската општина

Во текот на вчерашната вечер и денешниот ден, од екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје беа исчистени приближно триесет кубни метри отпад од две диви депонии лоцирани во општината Чаир.
Едната дива депонија се наоѓаше до ООУ „Тефејуз“, каде што во ноќните часови, од страна на екипите во третата смена, беа расчистени дваесетина кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.
Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчистија уште една дива депонија, лоцирана во непосредна близина на Турската амбасада, каде што се отстранети приближно десет кубни метри кабаст и градежен отпад. При расчистувањето на дивата депонија беа употребени специјално комунално возило – втоварувач и камион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот