Ирска воведе најстроги мерки во Европа за спречување на коронавирусот

Ирскиот премиер Мајкл Мартин синоќа го потврди враќањето на државата на највисоко ниво на ограничувања во борбата против новиот коронавирус, што ќе трае шест недели.
Нивото на ограничувања за ковид-19 од сегашното – 2 се подигнува на ниво – 5, највисоко.

Мерките ќе почнат да се применуваат од утре и се меѓу најстрогите во Европа.

Тоа ќе значи – затворање на малопродажбата освен за основни потреби, ограничување на патувањата на граѓаните до пет км. од нивниот дом, а рестораните и пабовите ќе може да работат само за достава. Училиштата остануваат отворени, ќе продолжат и градежните работи.

– Во обид да се сузбие вирусот, воведуваме веројатно најстрог европски режим, нагласи Мартин во телевизиско обраќање, две недели откако го отфрли тогаш изненадувачкиот апел од здравствените власти да се префрлат на ниво 5, а министрите се спротивставија на нивниот препораки.

Прочитајте и...  Северна Кореја се обидела да ги хакира јужнокорејските производители на вакцини против ковид-19

– Владата одлучи дека доказите за потенцијално тешка состојба што треба да се појави во следните недели сега се премногу силни, рече Мартин.

– Сакаме да се преселиме на ниво 3 на први декември. Сакаме да одиме под Р1, постојано под тоа ниво и сакаме да видиме надолна траекторија на бројот на случаи, додаде тој.

Поврзани вести

„Њујорк Тајмс”: Израел стои зад убиството на архитектот на иранската нукеларна програма

МИА

СЗО: Потребна е барем 60-отстотна имунизација на населението за блокирање на Ковид-19

Слободен печат

Апелациски суд во Пенсилванија го одби барањето на Трамп за блокирање на прогласувањето на победникот

МИА

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

На денешен ден – 28 ноември

Слободен печат

Денеска се празнуваат светите маченици и почнуваат Божиќните пости

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian