Иранската Анџелина Џоли ОДИ ВО ЗАТВОР, затворенички УПЛАШЕНИ дали ќе можат да спијат (ФОТО)

инстаграм

Иранската Анџелина Џоли и Инстаграм-ѕвезда, Сахар Табар е уапсена и задржана во притвор поради голем број на обвиненија, вклучувајќи и бласфемија или богохулење и поттикнување на насилство, пренесува Гардијан. 

Инстаграм ѕвездата е позната по неуспешните пластични операции, а е приведена по налог на техеранскиот суд, кој смета дека Сахар се занимава со култни злочини и морална корупција.

Конкретно, се обвинува за богохулење, поттикнување на младите на корупција, незаконско стекнување на имот и непочитување на правилата за облекување.

Мора да се напомени дека фотографиите на Сахар претрпуваат тешка камуфлажа во фотошоп, за на крај да го добие овој „Џоли“ изглед. Сепак, што е многу, многу е!

Како што пренесува Гардијан, жените во Техеран неретко може да се забележат со пост-оперативни завои, бидејќи трендот за пласитчно модифицирање на лицето, а особено носот, е премногу голем – бројките достигнуваат над 10.000 естетски корекции, на годишно ниво.

 

Од затворот веќе излегоа шпекулации, дека затвореничките се уплашени, бидејќи како што велат, не би можеле да спијат знаејќи дека нејзиниот „грд лик“ е покрај нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sahar Tabar (@sahartabar_officialx) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот